Швајцарија го отфрли случајот против поранешниот крал Хуан Карлос за перење пари

Од:

Обвинител во Женева денеска соопшти дека, поради недостиг на докази, ја затворил истрагата против поранешниот шпански крал Хуан Карлос, осомничен за перење незаконски провизии од Саудиска Арабија.

Обвинителот Ив Бертоса рече дека утврдил дека Саудиска Арабија платила 100 милиони долари во август 2008 година на сметка отворена еден месец претходно во банката Мирабо на име на фондација регистрирана во Панама, во сопственост на Хуан Карлос.

Но, Бертоса додаде дека не можел да воспостави директна врска меѓу договорот доделен три години претходно на шпанските компании за развој на ултра брза железница во Саудиска Арабија.

Шпанското кралско семејство одби да ја коментира веста, а Хуан Карлос, кој живее во егзил во Обединетите Арапски Емирати, не бил достапен за контакт.

Бертоса отвори кривична истрага во 2018 година по извештаите дека поранешниот крал, кој абдицираше во 2014 година, можеби добил „незаконска провизија“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна скеле на зграда висока 60 метри во Швајцарија – тројца мртви, осуммина тешко повредени

(ВИДЕО) Обилните дождови во Швајцарија доведоа до лизгање на земјиштето, осум лица се водат за исчезнати

ВИДЕО: Страшно невреме ја опустоши Швајцарија, тројца исчезнати, села отсечени, автопат затворен

Предраг Петровиќ