Швајцарците со право на глас денеска се изјаснуваат на референдум за ограничување на големите премии и бонуси на менаџерите на швајцарските компании.
Граѓаните одговараат на прашањето дали банкарите и раководителите на компаниите имаат право на огромни провизии од склучени договори и бонуси.
Доколу мнозинството од гласачите се изјаснат позитивно на референдумот, Швајцарија ќе мора да воведе мерки за ограничување на големите плати и бонуси на менаџерите, а не е ислклучено и некои од нив да заработат и затворски казни.
Иницијатор на референдумит е независниот пратеник од швајцарскиот Праламент, Томас Миндер, кои има сопствена козметичка фирма.
Својата кампања против „алчноста на банкарите и менаџерите“ Миндер ја започна пред пет години, по избувнувањето на глобалната финансиска криза и колапсот на повеќе големи банки.
Анкетите покажуваат дека на денешниот рефермнедум позитивно ќе се изјаснат околу 64 проценти од Швајцарците.
Во прилог на иницијативата на Миндер беше и неодомнешната контроверзна одлука на фармацевтскиот гигант „Новартис“, кој на еден од своите дотогашни менаџери му понуди премија од 72 милиони швајцарски франци (77 милиони долари), за да не премине да работи во конкурентска компанија. Иако, тој одби да ги земе понудените пари, самата информација предизвика огромно незадоволство во јавноста.