Швајцарците на референдум ќе одлучат дали ќе биде забрането покривање на лицата со бурка или хиџаб, соопшти денеска швајцарската Влада.
Како што се наведува во соопштението, датумот за одржување на референдумот се уште не е одреден, но се претпоставува дека ќе биде одржан пред 2018 година.
Оваа одлука следеше по собрани повеќе од 100.000 потписи, на предлог на група пратеници, меѓу кои и пратеници на десничарската Швајцарска народна партија, кои претходно се залагаа за забрана за изградба на минаре во Швајцарија.
Доколку се усвои забраната за носење бурки, Швајцарија ќе се придружи на Франција, Австрија и други европски земји кои веќе воведоа вакви забрани.