Швајцарците на референдум го отфрлија протерувањето на странците

Од:

Швајцарските гласачи синоќа на референдум ја отфрлија контроверзната иницијатива на десничарската националистичка партија, која предвидува автоматско протерување на странци, кои ќе бидат осудени за секое, па и најмало кривично дело, покажуваат официјалните резултати. 

Иницијативата ја отфрлиле 59 отсто од гласачите, се наведува во сајтот на швајцарската Влада. 

Одѕивот на избирачите изнесуваше 69 проценти, што е најголема излезност на гласање од 1992 година. 

Иницијативата предвидуваше автоматско протерување на странците поради тешките кривични дела како силување или убиство, но исто така и во случаи на помалку тешки прекршоци како пребрзо возење или вербална навреда на полицаец, доколку бидат извршени два пати во рок од десет години.

Би можело да ве интересира

Советот на ЕУ го одобри влезот на Швајцарија во „воениот Шенген“

Се расипа жичарница во швајцарскиот ски центар, евакуирани се сите патници од гондолите

Криминалци разнесоа 25 банкомати во Швајцарија

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ