Шумските пожари се закануваат да ја уништат најголемата вселенска опсерваторија во Австралија

Од:

Најголемата австралиска вселенска опсерваторија, во која има неколку меѓународни телескопи, се наоѓа под закана од шумските пожари, предизвикани од високите температури и бурите, соопштија француските медиуми, повикувајќи се на локалните противпожарни служби.

Опсерваторијата „Сајдинг спрингс“, сместена на врвот на планинската верига Ворамбвингел, во државата Нов Јужен Велс, веќе претрпе извесни штети како резултат на огнот. Сите вработени во опсерваторијата се евакуирани во блискиот град Кунабарабран.

Над педесет пожарникари се борат со огнената стихија, но нивните активности се отежнати од силниот сув ветер.

Во опсерваторијата се монтирани десет огромни телескопи, користени од научни екипи од Австралија, Полска, Велика Британија, Јужна Кореја и САД. Ова е една од најголемите и најмодерни опсерватории во светот и најголемата во Австралија.

Друга австралиска опсерваторија, сместена на врвот Стромло, во близина на Канбера, беше уништена од пожар во јануари 2003 година. Пожарот ја предизвика смртта на четири лица и уништи 500 куќи.

На почетокот на јануари во државата Нов Јужен Велс заради исклучително врелото и суво време се појавија над 140 шумски пожари. Во последните денови жегата почна да опаѓа и пожарникарите успеаја да ги задушат повеќето од пожарите, но неколку од нив и натаму се шират, соопштија агенциите.

Би можело да ве интересира

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Милијардер делеше пари пред супермаркет – на 1.000 семејства им подели 150.000 долари

А1он

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

А1он