Шумски пожари беснеат во јужна Франција

Од:

Две лица се повредени, а 2.260 хектари земјиште се опожарени вчера во големите шумски пожари, што ја зафатија јужна Франција во близина на Марсеј.

Стотици жители се евакуирани поради пожарите, но според противпожарната служба на департментот Буш ду Рон во текот на ноќта условите за негово совладување станале поповолни. 

– И покрај силниот ветер, температурите се намалуваат. Пожарникарите ги прераспределуваат силите, бидејќи огнот е совладан на неколку места. Пожарите изгледа ја губат силата, но се уште не се целосно изгаснати, напиша на Твитер градоначалникот на Марсеј, Жан Клод Годен.

Пожарникарите синоќа околу 21 часот по локално време соопштија дека ситуацијата е надвор од контрола, дека пожарот е исклучително моќен, брз и експлозивен и оти продолжува да уништува се што му стои на патот, вклучувајќи и куќи.

Во гаснењето на пожарот учествуваат 1.100 пожарникари, а во текот на денот шест авиони за гаснење пожар и еден хеликоптер од Милано се вклучија во акцијата, а уште два авиона се очекува да пристигнат на Корзика. 

– Целта е да се совлада пожарот, со цел тој да не стигне до градовите, особено Марсеј, изјави министерот за внатрешни работи Бернар Казнев, кој пристигна на командниот пункт на пожарникарите во Екс-ан Прованс.

Пожарот, покрај Марсеј почна вчера попладне околу малото гратче Ронјак и брзо се прошири до сувата вегетација на низината Арбоа. Меѓу 20 и 25 куќи се опожарени. Претставник на локалните власти на Витрол, град со 35 илјади жители северно од Марсеј, каде изгореа куќите, изјави дека меѓу шест илјади и осум илјади жители биле погодени од пожарот во пет квартови, при што повеќето останале блокирани во своите домови, а околу илјада биле евакуирани во три гимназии. 

Во индустриската зона на Марсеј три други пожари зафатија 530 хектари и против нив се бореа 250 пожарникари. Тие веќе се ставени под контрола.

Би можело да ве интересира

Опожарена семејна куќа во Младо Нагоричане

(ВИДЕО) Доаѓа „Дијабло“, издадени се црвени предупредувања

Горан Наумовски

Почна увидот во зградата во Чаир во која избувна пожар од импровизиран магацин во подрумот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Изгоре складиран изборен материјал во пожар во подрумот на Општина Тетово

Сакале да крадат од зградата која гореше во Чаир, приведени двајца

Изгаснат е пожарот во зградата во Чаир, ќе се утврдува состојбата на објектот

Катерина Ѓуровски