Шумски пожар веќе пет дена беснее во аргентинскиот национален парк Лос Алерсес, во близина на источниот дел на Андите.
Огнената стихија уништила 1.600 хектари од паркот, кој е заштитена зона во Аргентина и се наоѓа во Патагонија.
Според властите пожарот би можел да биде предизвикан намерно.
За гаснење на огнот се ангажирани 250 пожарникари, четири авиони-цистерни и три хеликоптери.
Националниот парк е познат по дрвото фицроја (Fitzroya cupressoides). Некои од дрвјата од овој вид се стари повеќе од илјада години.