Шулц: Грција ќе остане во еврозоната

Од:

Грција ќе остане во еврозоната, изјави претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, кој ги смета како шпекулации дебатите околу евентуалното повлекување на земјата од еврозоната, повикувајќи да се почекаат резултатите од предвремените избори кои се закажани за 25 јануари.

Тој истакна дека разговарал со лидерот на грчката партија СИРИЗА, Алексис Ципрас на кого му нагласил дека евентуален едностран прекин на плаќањата на долгот од страна на Грција може да доведе и до прекин на помошта од ЕУ.

Шулц додаде дека изјавите на Ципрас никогаш не предизвикале потрес на берзите, туку само воделе до конфронтации во Брисел и Берлин.

– Нема апсолутно никаква смисла да зборуваме дали еврозоната полесно ќе го прифати евентуалниот излез на Грција, отколку пред три години. Таа е членка на еврозоната и се надевам дека така ќе остане, истакна Шулц.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ