Шулц: ЕУ е чудовиштето Франкештајн

Од:

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц тврди дека ЕУ поради недостаток на демократија се претворила во чудовиштето Франкенштајн.

Според него, главниот проблем е непочитувањето на принципот за поделба на власта, еден од основните столбови на демократијата.

– Националниот суверенитет во Европа се заснова врз поделбата на власта: имаме влади кои парламентите можат да ги соборат и судови кои внимаваат правилата да се почитуваат, истакна Шулц.

Тој тврди дека во институциите на ЕУ се вградени само делови на оваа рамка, но не и поделбата на власт.

– Тоа е она што јас го нарекувам „Франкенштајнова Европа“, додаде Шулц.

Претседателот на ЕП за Европската комисија истакна дека е најнедемократска институција на ЕУ, бидејќи е подложна на минимален надзор врз пратениците и „само ги оттуѓува луѓето“.

Шулц смета дека решението е во огромни реформи, со кои ќе се намалат овластувањата на ЕК на штета на Парламентот.

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина