Шулц: Еднаквоста на половите е само на хартија

Од:

Еднаквоста меѓу мажите и жените постои само на хартија, оцени денеска претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената.

– Еднаквоста меѓу жените и мажите е суштинска вредност на ЕУ и е од клучно значење за економскиот раст, просперитет и конкурентност. Меѓутоа, денес таква еднаквост постои само на хартија, наведува Шулц во соопштението.

Жената е платена 16,2 отсто помалку од мажот на исто работно место. Жените се потешко погодени од економската криза, бидејќи стапката на невработеност кај жените е повисока од онаа кај мажите и бидејќи често имаат понесигурни работи, потсетува Шулц.

Тој предупреди дека насилството врз жените и натаму е недозволливо распространето и дека висока цена од тоа плаќаат и поединци и семејствата, но и целото општество.

Според Шулц, жените и натаму не се доволно застапени во процесот на донесување политички и економски одлуки.

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина