Штрајк на новинарите во Италија

Од:

Здружението на италијански новинариу за денеска најави штрајк поради предложениот закон, според кој на за клевета новинарот може да добие затворска казна.

Во соопштението на националното Здружение на италијански новинари се истакнува дека предложениот закон ја ограничува слободата на медиумите и дека со најавениот штрајк ќе бидат опфатени радиото, телевизијата, весниците и агенциите, пренесува АП.

Сенатот ќе гласа денеска за мерките кои предвидуваат казна затвор до година дена за новинарите, осудени за клевета, додека одговорниот уредник може да биде казнет и со 50 илјади евра.

Здружението бара одредбата за затворската казна да биде во потполност укината.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он