Неколку илјади музејски работници во Велика Британија штрајкува протестирајќи против намалувањето на платите и пензиите, како и против влошувањето на условите на работа.
Поради вчерашниот 24-часовен штрајк целосно или делумно беше парализирана работата на големите музејски комплекси во земјата.
Во Лондон беа затворени многу од салите на Националната галерија како и галеријата „Тејт модерн“.
Во некои градови како Ливерпул штрајкот почна подоцна и ќе продолжи денеска попладне. Во недела протестот на музејските работници ќе биде поддржан од работниците кои го обезбедуваат функционирањето на историски згради и археолошки споменици, вклучувајќи го комплексот Стоунхенџ.