Штрајк на италијанските новинари поради новиот закон за медиуми

Од:

Националното здружение на италијански новинари најави за в понеделник штрајк поради предложенот закон, во кој е задржана одредбата, според која на новинарите осудени за клевета им се заканува затворска казна, а казната за нивните уредници е намалена на парична.

Здружението на италијанските новинари денеска соопшти дека предложениот закон ја ограничува слободата на медумите.

Штрајкот ќе ги опфати новинарите од радиото, телевизијата, весниците и агенциите.

Сенатот в понеделник ќе гласа за мерката, согласно која е предвидена казна затвор до една година за новинарите осудени за клевета, додека одговорниот уредник може да биде казнет до 50 илјади евра.

Парламентот го предложи законот, откако на еден уредник му е изречена казна од 14 месеци затвор за клевета, што наиде на протест на Репортери без граници.

Здружението на новинарите бара целосно укинување на одредбата за затворска казна.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он