Барателите на азил во иднина ќе треба да бидат сместени во касарни, изјави австрискиот вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе и додаде дека треба да се размислува за некој вид забрана за излегување на бегалците.
– Треба да се размисли која од седумте касарни во Виена не е доволно искористена, посочи Штрахе.
Според него грижата за барателите на азил треба повторно да ја преземе државата.
– Актуелниот проблем е во тоа што многу е преземено од невладините организации и приватните здруженија. Сакаме да го запреме правењето бизнис на тој начин, истакна Штрахе.
Во Виена во моментов има околу 13 илјади баратели на азил во приватни прифатилишта, а Штрахе најави и евентуално воведување забрана излегување за барателите на азил.
– Во минатото веќе се разговараше за тоа, во одредени вечерни часови барателите на азил да мора да се вратат во објектите каде се сместени, истакна Штрахе.