Штајнмаер: Приливот на бегалци е неодржлив

Од:

Очигледно е дека мораме да најдеме начини да го намалиме бројот на бегалци кои што доаѓаат во Германија и Европа, смета германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер кој што во пресрет на Конференцијата за безбедност што почнува утре во Минхен во авторски текст за го објаснува предизвикот со кој што се соочува неговата земја и Европската унија.

– Јасно е дека затворање на нашите граници ниту дефинирање на горни граници на бројот на примени бегалци нема да помогне, вели Штајнмаер според кого очигледно е дека сегашната траекторија за бегалците е неодржлива.

– Фокусирањето само на национални решенија на глобалниот предизвик е само илузија и затоа ни е потребна силна и одлучна Европа. Уште повеќе: укинувањето на принципите на европската солидарност е ризик со кој може да заврши целата европската идеја, смета шефот на германската дипломатија во текстот објавен во гласилото на Минхенската безбедносна конференција „Security times“.

Штајнмаер кој е член на германските социјалдемократи во написот предупредува и на растот на десничарскиот популизам кој што зема замав во Европа а според него во опасност е слободата на движење како темелно постигнување во процесот на интеграција.

Затоа Штајнмаер бара никој да не седи настрана од конфликтот затоа што Европа се наоѓа пред историска задача да понуди заштита на тие на кои што тоа им е потребно и да се интегрираа бегалците но во исто време да се намали и да се контролира приливот на мигранти во Европа.

Би можело да ве интересира

Германија го повика турскиот амбасадор на разговор поради прославата на Демирал на ЕУРО

Катерина Ѓуровски

Судир меѓу полицијата и демонстрантите на конгресот на АфД, не се знае дали има повредени

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на антисемитски инциденти во Германија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Германија: Полиција влезе во училишна зградата, учениците затворени во училниците

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Германски полицаец загина, а друг е тешко повреден додека го обезбедувале Виктор Орбан

Горан Наумовски