Штајнмаер: Назначувањето на Борис Џонсон покажа дека Меј работи на Брегзит

Од:

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер изјави дека одлуката на британскиот премииер Тереза Меј да го назначи Борис Џонсон за министер за надворешни работи покажува дека таа работи на тоа Велика Британија да излезе од Европската унија. 

– Тоа го гледаме како јасен сигнал дека новиот британски премиер ќе ги почитува резултатите од референдумот и оти ќе дојде до напуштање на ЕУ, рече Штајнамер за германската телевизија Цет-Де-Еф. 

Германскиот министер за надворешни работи изјави дека Џонсон е итар политичар со доволно искуство. 

– Се надевам дека тој својата задача ќе ја разбере во насока дека Вепика Британија треба да одржува разумни односи со ЕУ, а исто така и со Германија, додаде Штајнмаер.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Маск објави видео: „Русија и САД се поблиску отколку што многумина мислат“

Трамп воведува царини од 20 отсто за увоз од ЕУ, 25 отсто за сите возила

Предраг Петровиќ

Белата куќа веста за заминувањето на Илон Маск од функцијата ја нарече „ѓубре“

Предраг Петровиќ

Дефинитивно крај за УСАИД: „Готово е, благодарение на претседателот Трамп“

(ВИДЕО) Уживаа во базенот на покривот од зградата, а потоа наеднаш бранови: Паника за време на земјотресот во Бангкок

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин