Штајнмаер ќе биде шеф на дипломатијата до крајот на јануари, Мартин Шулц на негово место

Од:

Министерот за надворешни работи на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер, ќе остане на функцијата до крајот на јануари, односно до конгресот на неговата Германска социјалдемократска партија (ГСДП), закажан за 29-30 јануари, на кој треба да се реши кој ќе биде кандидатот на ГСДП за канцелар, наведува весникот „Билд“, цитиран од ТАСС.

Според податоците на весникот, сегашниот претседател на Европскиот Парламент, Мартин Шулц, ќе го наследи Штајнамер на чело на Министерството за надворешни работи.

Според „Билд“, кандидатот за канцелар на социјалдемократите ќе биде нивниот претседател Зигмар Габриел.

Штајнмаер во ноември беше номиниран од владеачката германска коалиција (блокот ЦДУ/ЦСУ и ГСДП) за претседател на земјата.

Федералното собрание, специален орган  што го избира германскиот претседастел, ќе се состане на 12 февруари. Тој се состои од 1.260 делегати, од кои половината се пратеници од Бундестагот, а втората половина се од парламентите на федералните области на Германија.

Актуелниот шеф на државата Јоахим Гаук на почетокот на јуни изјави декас нема да се кандидира за втор мандат.

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он