Откако демократскиот кандидат за американски претседател Џо Бајден денеска го презеде водството во броењето на гласовите во две клучни сојузни држави, Џорџија и Пенсилванија, кампањата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп на Твитер сооошти дека „изборите сè уште не се завршени“.
Некои американски медиуми веќе прогласија победа за Бајден, но телевизиските мрежи и агенцијата АП се уште се воздржани во своите прогнози, бидејќи илјадници гласови сè уште не се преброени.
This election is not over. pic.twitter.com/0WJGtgqKxX
— Team Trump (Text VOTE to 88022) (@TeamTrump) November 6, 2020
„Лажната проекција на Џо Бајден како победник се заснова на резултатите во четири држави кои се далеку од конечни“, се наведува во соопштението на кампањата на Трамп.
Тие додаваат дека е побарано ново пребројување во Џорџија, каде Бајден, исто така, денеска го презеде водството, и забележуваат дека имало неправилности и во Пенсилванија.