Штабот на Трамп ги оспори резултатите во Винсконсин и најави тужба

Од:

Изборниот штаб на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп денеска ги оспори резултатите од гласањето на претседателските избори во сојузната држава Висконсин и најави тужба пред Врховниот суд, откако гувернерот на Висконсин, Тони Еверс вчера ја сертифицира победата на Џо Бајден во таа држава.

– Во денешната тужба вклучивме четири случаи со јасни докази за незаконитостите, како што е нелегално корегирање на гласачките коверти на лицата кои не се појавиле на гласачките места, присвојување на нерегуларни ливчиња и одржување на илегални избирачки собири наречени „Демократија во парк“, се наведува во соопштението од штабот на Трамп.

Тоа е уште еден од низата судски постапки покренати од правниот тим на Трамп поради наводни изборни неправилности на претседателските избори што се одржаа на 3 ноември, на кои, според официјалните резултати победи кандидатот на Демократската партија, Џо Бајден.

Би можело да ве интересира

„САД се ограбени, тоа нема да се повтори“ рече Трамп на средба со Мелони

А1он

Трамп го нападна Зеленски: Ако не беа наместени изборите во 2020 година, немаше да има војна

А1он

Трамп ги иззема мобилните телефони и компјутерите од новите царински тарифи

А1он

Трамп: Лекарскиот преглед помина добро, лекарскиот извештај го очекувам утре

А1он

Песков: Можен е нов разговор меѓу Путин и Трамп

А1он

Трамп: Русија треба да се размрда

А1он