Шпанските власти ќе спроведат проверка на безбедноста на целокупната железничка мрежа

Од:

Шпанските власти денеска соопштија дека ќе извршат проверка на целокупната железничка мрежа во земјата во несреќата во која загинаа 79 лица.

– Ќе спроведеме генерална проверка на сите протоколи и безбедносни системи, како и дозволената брзина на мрежата. Во прашање е целокупната железничка мрежа, изјави шпанската министерка за јавни работи Ана Пастор.

Проверката следи околу 15 дена по железничката несреќа во Сантијаго де Компостела во која загинаа 79 лица, а беа повредени над 180 луѓе.

Пастор нагласи дека врз основа на добиените анализи ќе биде донесена одлука за подобрување на безбедноста.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски