Шпанскиот крал почнува состаноци со партиските лидери за формирање влада

Од:

Шпанскиот крал Филип Шести почна дводневни разговори со лидерите на политичките партии за да види дали социјалистичкиот премиер Педро Санчез, кој победи на парламентарните избори во ноември, успеал да добие поддршка од другите партии за формирање влада.

Шпанската социјалистичка работничка партија на Санчез (ПСОЕ) освои 120 места во Парламентот од 350 места, а за формирање на кабинетот потребни му се 176 места. Санчез постигна договор за коалициска влада со помалата лева партија Унидас Подемос, но за формирање влада ќе му биде потребна и поддршка од помалите регионални партии.

ПСОЕ ќе одржи трета средба со Каталонската републиканска левица (ЕРЦ), најголемата партија за независност на Каталонија, од која бара поддршка. РКЕ соопшти дека ставовите на двете страни се уште се далечни и оти нема да биде постигнат евентуален договор пред јануари. ЕРЦ инсистира на референдум за независност на покраината со 7,5 милиони жители, на што ПСОЕ се спротивставува, повикувајќи се на шпанскиот Устав и пресудата на Уставниот суд кој не дозволува референдум.

Кралот Филип се среќава со претставници на помалите партии, додека утре ќе оствари средби со главните партии. Шпанската политичка сцена никогаш не била толку расцепкана, така што кралот ќе зборува со 18 парламентарни партии.

Откако дојде на престолот пред пет години, Филип Шести вакви консултации одржа девет пати по избори, додека неговиот претходник и татко Хуан Карлос, во текот на 39 години на власт, одржа вкупно 10 состаноци.

Во Шпанија скоро четири децении на власт се менуваат левиот центар на ПСОЕ и десниот центар на Народната партија, но поради економската криза и скандалите со корупцијата во 2014 година на политичката сцена се појавија нови партии, нарушувајќи го традиционалниот бипартизам.

Ако Санчез успее да формира влада, тоа ќе биде првата коалициска влада откако беше воведена демократија по смртта на диктаторот Франциско Франко во 1975 година.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата