Шпанскиот крал Фелипе Четврти го потпиша денеска декретот, со кој го распушта Парламентот и закажа нови избори на 26 јуни, откако парламентарните партии, избрани на изборите во декември минатата година, не успеаја да формираат влада.
Кралот го потпиша декретот во присуство на претседателот на Парламентот Пачи Лопес, откако на 2 мај истече рокот за формирање нова влада
Ова е прв пат во Шпанија да бидат повторени изборите. Земјата е во политичка криза по изборите на 20 декември, на кои ниту една партија не освои доволен број гласови за апсолутно мнозинство во Парламентот, бидејќи новоформираните партии „Подемос“ и „Сјудаданос“ ставија крај на долгорочната доминација на Народната партија (ПП) и социјалистичката партија ПСОЕ.