Шпанскиот крај Фелипе се откажа од наследството на татко му Хуан Карлос

Од:

Шпанскиот крал Фелипе Шести се откажа од наследството на својот татко Хуан Карлос заради неговите финансиски малверзации.

Во соопштението на шпанското кралско семејство се наведува дека кралот Фелипе ја укинал годишната апанажа за татко му (82), кој абдицира од престолот во 2014 година.

Одлуката следеше по истрагата на швајцарските истражители за офшор сметката на Хуан Карлос, кој наводно во 2008 година примил 88 милиони долари од покојниот саудсики крал Абдулах.

Британскиот весник „Телеграф“ објави дека кралот Фелипе е наводен корисник на офшор фонд што ја контролира швајцарската сметка со наводни 65 милиони евра подарок од Саудиска Арабија, дадени на неговиот татко додека тој бил на престолот.

Кралот Фелипе денеска негираше дека знаел било што за овој фонд.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата