Шпански војници ќе ги обучуваат Ирачаните за борба протув ИД

Од:

Шпанската Влада денеска соопшти дека ќе испрати 300 војници за да ги обучуваат ирачките војници за борба против џихадистите од Исламска држава.

Шпанскиот министер за одбрана Педри Моренес изјави дека тие војници, кои се во составот на коалициските сили предводени од САД против ИД, нема да бидат вклучени во борбите.

Тој наведе дека цел на седумдневната операција има задача да го спречи напредувањето на ИД преку обука на ирачките војници за ракување со експлозив, чистење на мини и за специјални операции.

Мисијата на шпанските војници мора да ја одобри Владата во Мадрид.

Тоа ќе биде првпар шпанските војници да бидат распоредени во Ирак откако во 2004 година беа повлечени шпанските мировни сили кои учествуваа во инвазијата на Ирак.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски