Шпански суд застана зад компанија што престана да им го плаќа на вработените времето минато на пушење

Од:

Компанијата „Галп“ , која престана да им го плаќа на вработените времето што го минуваат на паузи за пушење, го доби случајот пред еден Виш суд во Шпанија.

Оваа енергетска компанија соопшти дека постапила според шпанскиот закон кога го одземала времето минато надвор од просториите на фирмата од вкупниот број на работни часови на вработените.

Кратката пауза за кафе или доручек со колегите, исто така, е дел од политиката што „Галп“ почна да ја применува во септември минатата година.

Синдикатот на компанија, кој овој случај го однесе на суд, планира да вложи жалба на пресудата.

Според неодамнешните измени во шпанскиот закон, компаниите мораат да го бележат доаѓањето на вработените на работа и нивното заминување.

Би-Би-Си објаснува дека таквото надгледување треба да ја спречи експлоатацијата на работниците, да ја зголеми флексибилноста во договореното пропишано работно време и да го реши проблемот со неплаќањето на прекувремената работа во Шпанија.

Во 2019 година, имено, работниците не биле платени за речиси три милиони прекувремни работни часови.

Ова барање, сепак, имаше непредвидливи последици за околу 10 милиони пушачи во Шпанија.

Со снимање на влезот и излезот на вработените од канцелариите, компаниите сега можат да пресметаат колку време работниците минуваат зад работната маса. Шпанските работници работат повеќе часови годишно од повеќето останати Европјани, освен од Италија и Португалија.

Во 2018 година, една компанија во Шпанија можеше да очекува од вработените дека ќе работат 1.701 час, додека во германската фирма можеле да очекуваат 1.363 часа работа, а во Велика Британија 1.538 часа.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата