Шпански пратеник се жали дека не може да преживее со 5.100 евра

Од:

Приказната на еден пратеник од Шпанија дека едвај преживува со плата од 5.100 евра месечно покрена талас на критики и негодување во земјата која е погодена од рецесијата.

Гилјермо Колјарте пратеник на конзервативната Народна партија во националниот парламент, регионален парламент на североисточна Галисија, а воедно и градски советник, за медиумите ја изнесе својата приказна за финанасиските потешкотии со кои се соочува.

„Како советник добивам 416. евра, со кои не можам речиси ништо да направам, околу 4.200 евра заработувам како пратеник, 290. евра добивам за времето поминато во парламентот и се заедно е 5.100 евра и многу ми е тешко со тие пари да преживеам“, се пожали пратеникот.

Во земјата каде секој четврти е невработен и каде што повеќето од вработените примаат само 400. ерва плата, а просечната е околу 640. евра ,оваа приказна предизвика бес кај жителите на Шпанија.

Веднаш следуваа реакции на твитер-„Јадник, сочувствувам со него“, “ Доколку ви е тешко да преќивеете со тие пари, замислете како ни е нам“, „ Мислам дека треба да поднесете оставка и да ни направите на сите голема услуга“.

Пратеникот после критиките се извини на шпнаското радио „Кадена сер“ и се правдаше дека зборувал само фигуративно.

„Се извинувам на сите кои беа погодени од моите зборови, бидејќи совршено добро знам дека постојат луѓе кои живеат со 400. или 500. евра како и многумина кои немаат речиси ништо и кои навистина патат“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени