Шпански лекари протестираа против економските мерки

Од:

Илјадници шпански лекари и медицински работници, незадоволни од економнските мерки на Владата и плановите за делумна приватизација во здравствениот сектор протестираа денеска во Мадрид.

Над пет илјади лица се собраа на централниот плоштад „Пуерта дел сол“, според податоците на полицијата, додека според организаторите во протестите учествувале 75 илјади лица.

Учесниците во протестите се противат на намалувањето на трошоците за 2013 година во секторот на здравството и на предвиената приватизација на шест болници и 27 диспанзери од вкупно 270 во регионот.

Портпаролката на организаторите Фатима Бранас изјави дека плановите за приватизацијата се неефикасни.

Владата смета дека мерките се неопходни за обезбедување на здравствените услуги во услови на рецесија.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени