Шпанската полиција заплени 600 килограми кокаин од една чешка јахта во Атлантикот, соопштија властите.
Полицијата уапсила четворица членови на екипажот со чешка националност, откако открила дрога на нивниот брод 830 километри југозападно од Канарските острови.
– Кокаинот се наоѓал во херметички затворен контејнер во еден од бродските резервоари за вода, соопшти шпанската полиција.
Шпански медиуми пренесоа дека јахтата пловел од Јужна Америка.
Количината на кокаинот запленет во Шпанија се зголеми минатата година за 28,6 отсто на 27 тони, соопшти шпанското МВР.