Околу 48 тони хашиш се запленети во пристаништето Алгецирас, на југот на Шпанија, скриени во два камиона кои се обиделе да влезат на шпанска територија, соопшти полицијата.
На 26 јуни кога пристигнал камионот од Тангер, пријавено е дека во него се наоѓал електричен материјал, но обучени кучиња откриле 24 тони дрога. Во другиот камион се наоѓале 23 тони, се наведува во соопштението на полицијата.
Уапсени се возачите на камионите.
Шпанија е една од главните точки за влез на дрога во Европа.