Шпанската полиција усмрти четворица напаѓачи од синоќешниот нов напад со комби што се случил околу 1 часот рано утринава на шеталиштето во каталонскиот туристички град Камбрилс, на 120 километри јужно од Барселона.
Неколку часа подоцна полиција соопшти дека и петиот напаѓач им подлегнал на повредите.
Во овој напад се повредени седум лица, јави шпанската телевизија РТВЕ.
Еден напаѓач е уапсен.
Комбито се појавило на шеталиштето газејќи ги минувачите, слично на нападот што неколку часа претходно се случи во Барселона. Во возилото имало пет лица. Следела полициска потера и пукотници по напаѓачите.