Шпанската полиција упасила 56 осомничени за педофилија

Од:

Шпанската полиција уапсила 56 лица во акцијата за детска порнографија преку интернет која беше спроведена во земјата.

Осомничените, повеќето меѓу 40 и 60 години, обвинети се дека „преку интернет дистрибуирале видеа со екстремно брутални сцени на кои се прикажани мали деца, соопшти шпанската полиција.

Повеќе од  150 полицајци и 46 истражни судии учествувале во операцијата која е спроведена во 28 од 50-те шпански провинции.

Полицијата наведува во соопштението дека се извршило претрес во 59 куќи и станови и дека заплениле повеќе од 170 компјутерски хард-дискови, како и 614 це-деа со порнографска содржина.

Шпанските власти ги испитуваат материјалите со цел да утврдат дали некој од упасените мажи и сам злоставувал малолетници.

Полицијата наведе дека неколкумина од осомничените веќе биле апсени поради размена на порнографски видеа со малолетници преку интернет.

Полицијата не даде повеќе детали за случајот, но во текот на денот ќе биде одржана прес-конференција на оваа тема.

Во август шпанската полиција уапси седум лица, повеќето од нив француски и марокански државјани, под соменение дека управувале со група која се занимавала со порнографија и педофилија.

Шпанските власти се сомневаат дека таа група искористила најмалку 80 деца во изминатите 15 години и дистрибуирала повќе од милион фотографии и видеа со порнографска содржина, како и повеќе од 1.000 цедеа.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата