Полицијата во североисточната шпанска област Каталонија уапси осомничен исламист, баран од САД.
Али Шараф Дамаш, со двојно алжирско и ирско државјанство, е баран од САД и Интерпол под сомнение дека регрутирал членови за екстермистичка исламска група.
Тој е уапсен во Барселона, од каде вчера е пренесен во Мадрид. Судот во Мадрид му одреди мерка притвор до разгледување на барањето за екстрадиција во САД.