Шпанската полиција уапси 24 лица и заплени 2,4 тона дрога

Од:

Шпанската полиција уапси 24 членови на колумбиска нарко мрежа, кои се обиделе да формираат канал за продажба на кокаин на големо, пренесоа светските агенции.

Во акцијата на полицијата конфискувани се 2,4 тона наркотици.

Ова е најголемото количество запленета дрога од јануари минатата година, кога силите на редот открија три тони кокаин.

Меѓу уапсените се и двајцата шефови на групата, информира полицијата.

Денеска силите на редот запленија шест превозни средства со бункери за пренесување наркотици и претресоа повеќе станови во неколку делови на Шпанија, вклучувајќи го и Мадрид.

Осомничените шверцери биле организирани во две групи, поврзани со картелот Кукута.

– Повеќето уапсени имале колумбиско државјанство, а другите биле Шпанци. Голем дел од нив биле важни фигури во меѓународниот шверц на кокаин – додаде Рикардо Торо, директор на одделот за борба со наркотици во шпанската полиција.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата