Шпанската полиција уапси 109 членови на банда, која обезбедувала фалсификувани дозволи за работа на имигранти на популарниот туристички остров Ибица, соопшти денеска шпанското Јавно обвинителство.
Како што јави ДПА, меѓу приведените се и лидерите на бандата, кои од имигрантите земале по 3.600 евра за договор за работа со фантомска градежна фирма.
Освен што со оваа измамничка шема собрала половина милион евра, бандата успеала државата да ја „олесни“ за 470.000 евра, под форма на неплатени придонеси за осигурувања на работниците.