Шпанската полиција разби бугарска мрежа за проституција

Од:

Шпанската полиција денеска соопшти дека разбила мрежа за илегална трговија со луѓе, која носела жени од Бугарија во Шпанија, каде биле принудувани на проституција.

По осуммесечна истрага шпанската полиција на Мајорка уапси 12 луѓе, од кои 11 Бугари и еден Шпанец. Меѓу уапсените се и шефовите на мрежата.

– Групата врбувала жени во Бугарија ветувајќи им работа во Шпанија, а потоа ги принудувала на проституција. Жените исто така ги терале клиентите да употребуваат алкохол и наркотици, а потоа ги ограбувале. Во некои случаи биле украдени и по 15.000 евра од кредитни картички, се посочува во соопштението на полицијата.

Во заедничката акција на шпанската, бугарската и германската полиција ослободени се пет Бугарки, а конфискувани се 9.305 евра, 540 британски фунти, неколку комјутери, два автомобила, голем број документи и многу наркотици.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски