Шпанската полиција соопшти денеска дека запленила повеќе десетици палети со вкупно 1,4 тони кокаин, прикриен да изгледа како дрво.
Освен тоа, во рамки на истата пратка од Колумбија за Валенсија е откриен и кокаин „маскиран“ да изгледа како јаглен, пренесува Би-Би-Си.
Во акцијата во Шпанија, Британија и Дубаи се уапсени 12 лица, се наведува во соопштението на шпанската полиција.
Според полицијата шверцерите користеле компанија за продажба на јаглен како алиби за увоз на кокаин во Шпанија, а дрогата потоа била дистрибуирана и продавана низ Европа.