Во шпанскиот регион Андалузија утре се одржуваат избори, што ќе бидат првиот тест за Подемос, новата левичарска партија формирана во 2014 година.
Во Андалузија социјалистите се на власт веќе 32 години, додека регионот се соочува со висока стапка на невработеност од 34 проценти.
Право на глас на регионалните избори имаат 6,5 милиони гласачи.
По шест години рецесија, ова ќе биде вистински предизвик и проверка дали гласачите се незадоволни со мерките за штедење или преовладува задоволство од економскиот резултат на владата на Маријано Рахој.