Шпанија уапси двајца осомничени исламисти

Од:

Шпанската полиција денеска уапси двајца осомничени исламистички радикали под обвинение дека се поврзани со Ал Каеда, изјави шпанскиот министер за внатрешни работи Хорхе Фернандез Диаз.

Уапсените се идентификувани како Ну Медиуни од Алжир и Хасан ел Џауани, кој е по потекло ое Мароко. Тие се уапсени во Саракоса, односно во Мурси, јави ДПА.

Министерот истакна дека уапсените биле членови на групација поврзана со Ал Каеда во Исламски Магреб.

Двајцата мажи повеќе од една година се под истрага на шпанската, француската и мароканската полиција. Судот нареди нивно апсење откако е забележано дека посетувале џихадистички вебстраници.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата