Околу 700 имигранти се обидоа денеска да се искачат преку оградата која ја дели шпанската енклава на северозападот на Африка, Мелија, од остатокот на Африка, додека шпанската крајбрежна стража во исто време спаси уште 700 имигранти кои се обиделе преку море да дојдат до шпанско тло.
Во соопштението на шпанското МВР се наведува дека мигрантите во Мелија со помош на дрвени скали се обиделе да се искачат преку шест метри високата ограда со бодликава жица, а исто така фрлале камења врз полицијата.
Околу 30 мигранти при тоа успеаја да влезат на територија на шпанската енклава, од кои тројца се здобиле со полесни повреди.