Шумски пожар во јужна Шпанија принуди на евакуација повеќе од 1.500 лица и се заканува на националниот парк Доњана, познат во биолошкиот диверзитет.
Пожарот се заканува на Доњана, еден од најважните резервати на природата во Шпанија, кој се простира на 50.000 хектари, а неговите шуми и мочуришта претставуваат важно живеалиште за птиците преселници кои пристигнуваат од Африка и Европа.
– Огнот ги зафати границите на резерватот и ние нашите напори ги насочуваме на таа област, изјави функционерот задолжен за животрна средина Хосе Грегорио Фискал Лопез.
Регионалната претседателка на Андалузија Сузана Дијаз изјави дека не постои ризик по популацијата, откако повеќе од 1.500 лица се евакуирани од домовите, камповите и хотелите на југот на Шпанија, во близина на градот Могер.
Борбата со огнот е отежната поради жешкото и суво време и ветровите придружени со температура до 39 степени.