Шпанските власти соопштија дека полицијата уапсила 39 лица при меѓународна операција за мрежа што ширела детска порнографија преку популарната онлајн апликација „Латс Ап“.
Шпанската полиција соопшти денеска дека мрежата користела околу сто групи за разговор со 135 идентификувани корисници во 18 земји од Европа, Централна и Јужна Америка.
Во соопштението се наведува дека се уапсени 17 лица во Шпанија, а останатите се задржани во Аргентина, Боливија, Гватемала, Чиле, Колумбија, Коста Рика, Еквадор, Салвадор, Германија, Италија, Мексико, Парагвај, Перу и Португалија.
Операцијата била извршена со координација со Интерпол и Европол.
Пронајдените документи содржеле брутално сексуално малтретирање на деца на возраст до осум години.