Шпанија: Нема причина за извинување

Од:

Шпанија објави дека нема причина за да и се извини на Боливија, поради пренасочување на авионот на претседателот Ева Моралес, за сомнеж дека во него се наоѓа Едвард Сноуден.

Министерот за надворешни работи Гарсија Маргаљо денес изјави дека на Шпанија и на други европки држави им било речено дека во авионот на претседателот Моралес, кој беше принуден да слета на аеродромот во Виена, се наоѓа поранешниот агент на ЦИА, Едвард Сноуден.

Шефот на шпанската дипломатија не го наведе изворот на информацијата, меѓутоа неговата изјава е прво официјално признавање на една европска држава дека инцидентот со авионот на Моралес е поврзан со аферата Сноуден, пренесе„ Би би си“.

Тој додаде дека воздушниот простор на Шпанија не е затворен за авионот на боливијскиот претседател, туку дека на дозволата која била издадена во понеделник и изминала важноста кога Моралес слетал на аеродромот во Австрија, по забраните од страна на Франција и Португалија.

Дозволата повторно била издадена, а авионот во среда се спуштил на шпанските Канарски острови поради полнење гориво на летот кон Боливија.

-Шпанија нема потреба да се извинува бидејќи воздушниот простор не беше затворен – рече Гарсија Маргало.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски