Најмалку 90 луѓе беа повредени синоќа во експлозија на гас во кафеана во шпанскиот град Велес-Малага на југ во државата. Петмина се со тешки повреди, соопшти денеска службата за вонредни ситуации на регионот Андалузија.
Експлозијата се случила синоќа во 19 часот по локално време во мал град што е популарна туристичка дестинација во шпанската покраина Андалузија.
Педесет и седум луѓе од повредените се врефрлени во локалната болница, а 33 се во локални клиники каде им се санирани повредите.