Шпанија најави продолжување на контролата на границата со Португалија

Од:

Владата на Шпанија најави дека до 1 март ќе ја продолжи контролата на 1.200 километри долгата граница со Португалија, во рамките на борбата против пандемијата со Ковид-19.

– Сериозните рестрикции и ограничувања на движењето што се во сила во Шпанија и во Португалија го оправдува одржувањето на контролата на внатрешните граници со истите ограничувања што се воведени во првите 10 дена, се наведува во соопштението на шпанското Министерство за внатрешни работи.

Владите на двете соседни држави се договорија од 28 јануари да ја затворат границата освен за така наречени есенцијални патувања во кои спаѓаат премин на границата на здравствените работници, возачите на камиони и лица вработени во другата држава.

Во Португалија е зголемен бројот на инфицирани лица со Ковид-19, што го доведе здравствениот систем пред колапс, поради што е воведен карантин во целата земја.

Додека во Шпанија има пад на новозаразени лица, но се стравува од ширење на новите, мутирани видови на Ковид-19, што би можеле да предизвикаат нов епидемиски бран.

Би можело да ве интересира

Жена од Шпанија двапати имала ковид за 20 дена, се заразила со две различни варијанти

Катерина Ѓуровски

Шпанија од денеска го третира коронавирусот како грип

Каталонија повторно воведува полициски час во борбата против Ковид-19

Тринаесет фудбалери на португалскиот Белененсес заразени со Oмикрон сојот на коронавирус

Во Португалија, практично, не остана никој за вакцинирање

70 отсто од населението во Шпанија е комплетно вакцинирано