Шпанија ќе го укине задолжителното носење маски на отворено од 10 февруари

Од:

Владата на Шпанија од следниот четврток ќе го укине задолжителното носење маски на отворено како мерка против коронавирусот, изјави денеска министерката за здравство Каролина Даријас.

Мерката беше повторно воведена кон крајот на декември за да се спречи ширењето на варијантата Омикрон.

– Кабинетот планира да ја одобри промената на својата неделна седница закажана за вторник и да ја стави во сила два дена подоцна. Владата секогаш велеше дека ќе трае само додека е строго неопходно, изјави Даријас за радиото Ла СЕР.

Таа додаде дека стапката на инфекција паѓа веќе неколку дена, поради што Владата верува дека ситуацијата е променета.

Во изминатите две недели, стапката на инфекција со Ковид-19, забележана во изминатите 14 дена, постојано се намалува, достигнувајќи 2.421 случаи на 100.000 луѓе во четвртокот, во однос на речиси 3.400 на почетокот на јануари.

Неколку европски земји во последните денови почнаа да ги укинуваат ограничувањата за коронавирусот. Маските на отворено повеќе не се задолжителни во Франција, а италијанската Влада во средата соопшти дека ќе објави распоред за постепено укинување на ограничувањата.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени