Шпанија ќе ги зајакне антитерористичките закони по нападите во Париз

Од:

Шпанската конзервативна Влада и социјалистичката опозиција постигнаа согласност за зајакнување на мерките против џихадистичкиот тероризам по нападите во Париз, изјави шпанскиот министер за внатрешни работи Хорхе Фернандес Диас.

– Се договоривме итно заедно да го доставивем предлогот за нацрт-законот, со јасна волја за отварање кон другите парламентарни партии, истакна тој на прес-конференција по средбата со претставникот на социјалистите Антонио Ернандо.

– Социјалистите сакаат зајакнување на борбата против џихадистичкиот тероризам, со цел да биде подобрена безбедноста, без да се загуби ниту грам од слободата, рече Ернандо.

Средбата се одржа на предлог на владејачката Народна партија. Како основа за новиот нацрт-закон ќе бидат искористени десетте измени, предложени од Народната партија за реформа на Кривичниот законик.

Тие меѓудругото предвидуваат затвор за лица, кои посетиле територија под контрола на џихадистичка групација и се обиделе да се приклучат кон неа или да соработуваат, како и затвор за секој, кој се обидува преку Интернет и на други начини да се обучи да користи оружје и експлозив во врска со терористички активности. Во таквите случаи иследниците нема да имаат потреба да докажуваат дека имало намери за извршување напад.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата