Шпанија и се извини на Боливија за времената забрана за прелет на претседателскиот авион

Од:

Шпанија и се извини на Боливија за времената забрана за прелет на авионот на боливискиот претседател Ево Моралес над нејзиниот воздушен простор, поради сомневањата дека во него се наоѓа поранешниот соработник на американското разузнавање Едвард Сноуден.

– Шпанија длабоко жали за чувствата, кои можеби ги предизвика ова случување. Затоа се извинуваме, изјави шпанскиот амбасадор во Ла Паз, Мигел Анхел Васкес.

На 2 јули Франција, Шпанија, Италија и Португалија времено забранија прелет на нивните воздушни простори за авионот на боливискиот претседател Моралес, кој се враќаше од Москва.

Сноуден, кој е обвинет за откривање на тајната програма за шпионирање на САД, во петокот најави дека ќе побара времен азил од Русија, каде се наоѓа веќе три недели во транзитната зона на московскиот аеродром „Шереметјево“. Претходно, понуди за азил му дадоа Венецуела, Боливија и Никарагва.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени