Шпанија ги отвора своите граници за вакцинираните патници

Од:

Шпанија ги отвора од денеска своите граници за патниците вакцинирани против коронавирусот, кои доаѓаат од ЕУ, трети земји или земји поврзани со Шенген, во обид да го оживеат својот туристички сектор.

Патниците што пристигнуваат во Шпанија треба да имаат потврда за вакцинација против Ковид-19. Од денеска ќе бидат дозволени крстарења од пристаништата.

Шпанската министерка за здравство Каролина Дарија изјави дека Шпанија е во процес на враќање на своето глобално лидерство во туризмот и дека е безбедна дестинација.

Претходно, Шпанија дозволи влез на европски посетители кои имале негативен ПЦР тест во претходните 72 часа, но од денеска тие посетители можат да направат поевтин антиген-тест.

Би можело да ве интересира

Се повлекуваат банкноти од 50 евра

Седум повредени во пожарот во дискотеката во Кочани се транспортирани за Шпанија

Седум лица повредени во пожарот во Кочани се транспортираат во Шпанија

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја