Шпанија формира мисии за врска во Грција и Италија за прием на бегалци

Од:

Шпанските власти најавија фомирање на две мисии за врска во соработка со Грција и Италија за полесен прием на бегалци.

Целта на Мадрид е да се постигне подобар прием и подобра интеграција во секоја земја членка на ЕУ на десетиците илјади мигранти, кои пристигнуваат секој ден во Европа.

Мисиите ќе работат заедно со амбасадите и конзулатите на Грција и Италија, како и со локални невладини организации, со цел прифаќање на мигрантите, објасни на седница на владата заменикот премиер Сораја Саенс де Сантамарија.

На почетокот на септември владата на Шпанија изрази подготвеност да прифати 14.931 лице, колку што предложи ЕК, плус веќе прифатените 2.749 лица.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата