Шпанија е на само стотина дена од колективниот имунитет, проценува премиерот Санчез

Од:

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска изјави дека Шпанија е на само сто дена од постигнување на колективен имунитет против коронавирусот.

За време на неговата официјална посета на Грција, Санчез рече дека 70 проценти од шпанските граѓани до 18 август ќе бидат вакцинирани или ќе ја имаат прележано болеста, што е доволно за да се добие колективен имунитет, пренесува шпанскиот весник „Ел Паис“.

Досега во Шпанија се дадени 19 милиони дози од вакцините, односно 28 проценти од населението примиле барем една доза, додека шест проценти ја примиле и втората доза.

Исто така, во април се вакцинирани повеќе граѓани отколку во првите три месеци од оваа година, а според статистичките податоци, една доза на вакцината се дава на секои две минути.

– Почнуваме да ја надминуваме оваа катастрофа, рече Санчез.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени